17 јуни, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНовата технологија на Bosh спасува од талкањето по паркинг (видео)

Новата технологија на Bosh спасува од талкањето по паркинг (видео)

bosh parking 33

Новата технологија на „Bosh“ овозможува пронаоѓање слободно место за паркирање без возење наоколу, со што воедно се поставуваат основите во иднина автомобилите сами да го пронаоѓаат местото за паркирање во гаражите, соопштија од компанијата.

„Паметната технологија детектира кои паркинг места се слободни во урбаните области и јавува каде точно се наоѓаат“, се вели во соопштениот на Дирк Хохејсел, член на управниот одбор на „Bosh“.

Во компанијата развиле специјален сензор за зафатеност кој се вградува во гаражите и на паркинг местата. Сензорот во редовни интервали проверувал дали паркинг местото е слободно. Користејќи се со портал сличен како рутер за интернет, сензорот пренесува информации на серверот каде што се создава мапа на сите слободни и зафатени паркинг места во реално време, до која може да се пристапи преку апликации или интернет.

Сето тоа ја сочинува основата за целосно автоматизирано паркирање во иднина, проценуваат во „Bosh“. Возачите, имено, наскоро ќе можат да го постават возилото на влезот во гаражата и, користејќи се со паметен телефон, да му дадат команда самото да пронајде слободно место за паркирање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП