25 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИAndroid телефони кои се прогласени за најбрзи уреди

Android телефони кои се прогласени за најбрзи уреди

androsi 333

Популарната платформа за „benchmark“ тестирање, „AnTuTu“, ја oбјави листата на најбрзи телефони за третиот квартал од 2015-та година.

Процесорот „Exynos“ на „Samsung“ се покажа исклучително добро, бидејќи првите пет уреди на листата го имаат „Exynos 7420“ кој е изработен во 14nm производниот процес на „Samsung“.

Другите пет телефони кои се наоѓаат на листата поседуваат „Snapdragon 810“, резултат кој беше и тоа како очекуван, но тоа што претставува најголемо изненадување е уредот кој се најде на првото место.

Иако сигурно во мислите на многумина не е телефон кој корисниците ги асоцира на прво место според перформансите, „Meizu PRO 5“ исто така го користи „Exynos 7420“, бидејќи поседува дисплеј со 1080p, зa разлика од останатите четири „Exynos“ телефони на листата кои користат панели со 1440p, логично е дека „Meizu“ се најде на првото место според тестирањето на „AnTuTu“ со просечен остварен скор од 76.852 поени.

На второ место се наоѓа „Samsung Galaxy Note 5“ со 72.156 поени, потоа „Samsung Galaxy S6 Edge+“ со 70.548, следат „Samsung Galaxy S6“ со 68.946 и „Samsung Galaxy S6 Edge“ со 67.653 поени. На самото дно на листата се наоѓа „Oneplus2“ со 57.119 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП