17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSharp очекува оперативна загуба од 215 милиони долари

Sharp очекува оперативна загуба од 215 милиони долари

sharpica 333

Јапонската компанија „Sharp“ изјави дека забележила оперативна загуба за периодот април-септември, а не добивка, како што очекуваше, а тоа се должи на падот на цените на дисплеи за смартфони. Ова се случува откако на крајот на јули таа си обезбеди 1,7 милијарди долари заем за спасување, пренесува „Ројтерс“.

Производителот на електроника очекува оперативна загуба од 26 милијарди јени (215 милиони долари), кога ќе ги објави финансиските резултати за првата половина на фискалната година во петок. На крајот на јули компанијата објави дека очекува профит од 10 милијарди јени.

Освен тоа „Sharp“ ја намали прогнозата за годишниот оперативен профит од 80 милијарди јени на 10 милијарди јени. Тоа веројатно ќе го зголеми притисокот врз компанијата да најде купувач на дел или на нејзиниот цел бизнис со дисплеи. Реструктуирањето беше огромен услов за обезбедување на 200 милијарди јени од банките во мај – вториот основен спасувачки пакет, кој треба да се добие во рамките на тригодишен период.

Некогаш „Sharp“ беше меѓу првите добавувачи на „Apple“, но во последниве години загуби од уделот пред јужнокорејската „LG Display“ и „Japan Display“.

Критичарите тврдат дека „Sharp“ има инвестирано премногу во производствени капацитети во последните 10 години, поради што не успеала да направи доволно иновации, кои ќе и помогнат да се справи со крахот во профитната маргина.

Акциите на „Sharp“ завршија со тргувањето во понеделникот по цена од 137 јени, а оваа година таа се намалила за 49%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП