6 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЗабавува растот на нови корисници на Apple Pay

Забавува растот на нови корисници на Apple Pay

payi 33

Мобилна апликација за плаќање „Apple Pay“ го привлекува вниманието на повеќе американски домаќинства, една година по пуштањето, но овој раст се забавува, покажа истражувањето на „Phoenix Marketing International“, цитирано од „Ројтерс“.

14% од американските домаќинства со кредитни картички се пријавија за опцијата за плаќање кон крајот на септември оваа година, што е за 11% повеќе во однос на февруари, открија од компанијата за време на конференција во Лас Вегас.

Според зборовите на Грег Вејд, директор во „Phoenix“, „Apple Pay“ продолжува да расте, но стапката на раст е забавена.

Портпаролот на „Apple“ одби да коментира за овој случај, но посочи дека изјавата на компанијата од почетокот на октомври наведува за „двоцифрен раст на месечните трансакции во „Apple Pay““ од нејзиното започнување, па досега.

Околу 48% од луѓето кои се меѓу 35 и 55 години, го користат „Apple Pay“, во споредба со 42% од 21 до 34 години, посочуваат од „Phoenix“.

86% од корисниците на услугата се поврзале со неа со своите кредитни картички, за да можат да платаќаат, 49% се дебитни картички, а 22% се различни видови при-пејд картички, покажува истражувањето.

„Phoenix“ тврди дека истражува како „Apple Pay“ од започнувањето во октомври 2014-та година, како се фокусира на група од 1.500 корисници. Во јуни две третини од 100-те врвни трговците на мало во САД изјавија дека не планираат да почнат да работат со „Apple Pay“ во оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП