7 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 27.10.2015

Дневен хороскоп 27.10.2015

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Добриот аспект меѓу Месечината и Плутон добро се рефлектира на вашиот знак, особено во сферата на парите и бизнисот. Трудете се да најдете добри соработници, во тоа ќе ви помогне некој од знакот на Близнаци или Девица. Шкорпијата исто така може да биде корисна во деловните преговори, особено околу финансиските трансакции.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Месечината еднаш годишно преминува преку вашиот знак и може да ви донесе, особено во вечерните часови, поволни вести и можност за наоѓање на решение за работата со некој Овен, Шкорпија или некој Јарец. Можно е да размислувате за нешто што би можеле наскоро да започнете да го работите со некој Овен или Јарец.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Мајските Близнаци се пред некој вид на искушение додека лицата родени на почетокот на јуни се во добри односи со некоја Водолија, некој Овен или Стрелец што би можело да резултира со некоја нова работа, најверојатно одлично платена. Би требало да бидете малку поенергични кога станува збор за финансиската ситуација.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Месечината во Бик и Сонцето во Шкорпија поволно делуваат на раковите родени во јуни и им носат интересни нешта, па дури и можност за добивка на која не сметале. Сатурн во Стрелец им одговара на родените во последната декада, така што им носи поволна и сериозна деловна понуда. Имајте доверба во оние кои ви даваат совети за работата во која немате доволно искуство.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Ако планирате работа во приватна компанија ќе добиете понуда за која долго сте размислувале. Денот е поволен за сериозни разговори во рамките на семејството и решавање на прашањето кое има врска со недвижнините. Ќе добиете повик да се сретнете со некој кој долго не сте имале прилика да го сретнете.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Полната Месечина во Бик владее со вашата астролошка куќа на јавноста и популарноста и ви носи поволни вести од странство. Поволен ден за оние кои сакаат да се договорат со лицата кои имаат за вас поволни понуди. Се што сакате да дознаете во врска со нешто што ви е важно, ќе го слушнете од некој Рак, Бик, Лав или Шкорпија.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Полната Месечина во Бик за вас значи можност за решавање на сериозните проблеми во доменот на партнерските односи бидејќи партнерот има некаков проблем во комуникацијата со вашето семејство или не се согласувате кога станува збор за парите кои сакате да ги инвестирате во вашата кариера. Имате прилика да се покажете во добро издание пред една Шкорпија.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Сонцето во вашиот знак во фаза на полната Месечна може да донесе нови деловни шанси, особено кога станува збор за работа во голема приватна компанија. На некој му е важно со вас да ги поправи односите, особено ако станува збор за трговска трансакција или за работа во рамките на приватните дејности.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Нагласеното астролошко поле на вашата личност со Сатурн кој ви дава упорност и амбиција и нагласеното астролошко поле на секојдневната работа, со полната Месечина може да ви донесе помала конфузија на планот на партнерските односи. На некој му е многу важно да се увери дека немате причина да се сомневате во него по ниту еден основ.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Полната месечина во Бик еднаш годишно додека Сонцето е во Шкорпија ви носи многу интересни деловни понуди кои не се за потценување. Вашата креативност е поттикнувач кој ве прави подготвени максимално да се посветите на работата бидејќи Месечината во Бик е исклучително силна, па така работите со кои сте во моментов ангажирани ќе ви донесат успех во јавноста.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Полната Месечина во астролошката куќа на домот со Сатурн во Шкорпија може на младите лица да им донесе конструктивен разговор со родителите или претпоставените во правец во кој треба да ја насочат понатака својата кариера. Се што работите може да ви донесе добивка, а ако се занивмавате со недвижнини или приватен бизнис, очекувајте добра заработка.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Имате прилика да се сретнете со некој кој ќе ви даде идеа како работата да ја унапредите со помош на маркетинг методи. Ако имате смисла за уметност, маркетинг, трговија, очекувајте нешто многу поволно во работата со Шкорпија, Бик, Рак или Девица. Кариерата ви се движи во нагорна линија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП