21 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗBMW пушта 20 примероци на уникатен М5 (фото)

BMW пушта 20 примероци на уникатен М5 (фото)

20 m5 01

„BMW“ претстави специјална модификација на седанот „M5“ која го има добиено додатокот „Pure Metal“ кон своето име. Возилот ќе биде во ограничена серија од 20 примероци и ќе го добие моторот од минатогодишната верзија, посветена на 30-годишнината на „M5“ и произведена во серија од 300 возила.

Спортскиот седан е со специјална боја на каросеријата – сива металик, која е подготвена специјално за овој автомобил од делот „BMW Individual“. Машината располага уште со 20-инчни тркала, како и со ентериер од кожа и алуминиум, во кој е вметната специјална плакета со натпис „PURE METAL M5“.

20 m5 02

Оваа модификација на „BMW M5“ располага со 4,4-литарски, 8-цилиндрарски твин-турбо мотор, при што моќта достигнува 600 КС. Тоа овозможува забрзување од 0 до 100 км/ч за 3,9 секунди. За споредба стандардната „M5“ се потпира на 560 КС и крева 100 км/ч од место за 4,3 секунди.

Новата верзија уште во основната опрема има избор на спортски пакети „Competition“ и „M Driver’s“. Во првиот влегува намалување од 10 мм на суспензијата, активен „М“-диференцијал на задната оска и карбон-керамички сопирачки. Додека пак вториот овозможува развивање на максимална брзина од 305 км/ч.

20 m5 03

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП