9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБогов: Политичката криза влијае на економскиот раст

Богов: Политичката криза влијае на економскиот раст

db

Според гувернерот на Народната банка на Република Македонија, Димитар Богов политичката криза во Македонија има негативно влијание и најавува дека за една до две недели оваа институција ќе излезе со нова проекција за економскиот раст за оваа година.

“Економската проекција во април беше 4,1 процент за оваа година. Веќе е јасно дека тоа нема да се оствари, односно ќе биде понизок. Во моментов ги работиме проекциите и за недела до две ќе излеземе јавно и ќе кажеме колку се нашите најнови очекувања за економскиот раст во оваа, а и за наредната година, изјави гувернерот Богов денеска по отворањето на Првиот регионален форум на Источна Европаи Централна Азија за финансиска вклученост, кој во организација на НБРМ се одржува во Скопје.

Тој додаде дека политичката неизвесност негативно влијае и се надева дека брзо ќе се надмине оваа ситуацијата, бидејќи  на економските агенти потребна им е извесност и стабилно окружување за работење.

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП