Јапонскиот производител на автомобили Тојота повторно ја освои водечката позиција во светот според бројот на продадени возила, претекнувајќи го германски Фолксваген, покажуваат податоците на јапонската компанија за првите девет месеци од оваа година.
Во првите три овогодишни тромесечја Тојота продаде 7,5 милиони возила, претекнувајќи го Фолксваген, кој продаде 7,43 милиони и Џенерал Моторс, со продадени 7,2 милиони.
Во првата половина од 2015-та Фолксваген ја претекна јапонската компанија и првпат ја зазема челната позиција според бројот на продадени возила, напомнува BBC, потсетувајќи на скандалот со Фолксваген околу лажирањето на податоците со емисијата на штетни гасови избувна кон крајот на септември.
Податоците на Тојота за деветмесечниот период до крајот на септември и ја осигура на компанијата водечката позиција, но претставуваат пад на продажбата на годишно ниво за 1,5 отсто.
Јапонскиот производител во 2008-ма година ја презема круната од Џенерал моторс и од тогаш ја држи водечката позиција, со исклучок на 2011-та година, кога јапонскиот производител се врати на врвот заради пореметувањата во производството на Тојота заради цунамито.