5 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Фичо“ го прослави шеесетиот роденден

„Фичо“ го прослави шеесетиот роденден

fica 33

Во Крагуевац беше одбележан јубилејот од почетокот на сериското производство на првиот југословенски автомобил. Беше сигурен автомобил, евтин, достапен за повеќето граѓани.

Првиот српски и југословенски автомобил, популарниот „Фичо“, го прослави својот шеесети роденден. Во погоните на „Црвена застава“, откомври 1955-та година, по лиценца на италијански „Фиат“, стартуваше производството на овој автомобили кој и денеска може да се забележи по патиштата во поранешна Југославија, но и во Европа.

По повод на значајниот јубилеј, во неделата во Крагуевац беше одржана манифестација во организација на градот, тамошната Туристичка организација и Здружението на љубители на „Фичо“. Дефилето на автомобилите стартуваше симболично пред халата во кругот на „Застава“, каде далечната 1955-та година е произведено првото „Фичо“. Потоа за граѓаните и за сите љубители на овој автомобил беше организирано бесплатно роденденско возење по улиците на Крагуевац.

Спомените на тој перидот, но и тоа што е „Фичо“ и сега за луѓето кои го сакаат овој автомобил, ги евоцираа поранешните работници и раководители.

„Како млад работник започнав да работам токму на производството на „Фичо“. Имаше многу ентузијазам, љубов кон овој автомобил. Кај мене остана и денес, после толку години. Првото „Фичо“ го купив во 1974-та година и се уште го возам, а нема да го менувам за ниту еден друг. Тоа е некоја посебна врска која најдобро неможам да ја објаснам“, вели Душан Стевановиќ.

Директорот на „Монтажа“, Милорад Миловановиќ“, раскажа дека „Фичо“ во тоа време бил сигурен и евтин автомобил, достапен за повеќето граѓани. Вели дека во соработка со „Фиат“ го усовршувале и ги отстранувале почетните, мали недостатоци.

Во фабриката во Крагуевац, „Фичо“ се произведуваше точно триесет години, до октомври 1985-та година кога оваа програма беше прекината. За тоа време се произведени 923.487 примероци од „Фичо“, а голем број од овие автомбили, дотерани и подобрени и сега се возат по патиштата ширум светот. Имаше и предлог на „Фичо“ во Крагуевац да му се подигне споменик, но таа иницијатива се уште не е реализирана.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП