18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПланот на Alfa Romeo е 400.000 возила во 2018-та година

Планот на Alfa Romeo е 400.000 возила во 2018-та година

plan ar 00

Првиот човек на „Alfa Romeо“, Харалд Вестер, откри нови детали од развојниот план на италијанскиот производител во наредните неколку години.

Вестер потврди дека „Alfa Romeo“ во целост ќе ја обнови својата флота со воведување на осум нови модели.

Првиот автомобил во низата е лимузината „Giulia“, која веќе беше претставена на авто-саемот во Франкфурт.

Ќе следи кросовер заснован на истата платформа, а во врвот на понудата ќе се најде уште една лимузина и голем кросовер.

plan ar 02

Кога станува збор за актуелните модели, „Alfa Romeo Giulietta“ ќе добие наследник. Меѓутоа, наместо актуелната верзија на купувачите ќе им бидат понудени два модели, најверојатно хечбек и седан.

Се очекува дека претстојните два модели ќе бидат духовни наследници на спортската „Alfа GTV“ (во „Coupe“ и „Spider“ верзии), која не се произведува веќе десетина години.

Вестер рече и дека „Alfa“ не планира за го замени актуелниот „MiTo“ со нов модел. Тие процениле дека на пазарот не постои голем интерес за овој автомобил и дека тој не би ги оправдал трошоците за развој.

plan ar 01

Шефот на „Alfa Romeо“ изјави дека компанијата не сака да троши финансиски резурси во авто-мото спортот, туку има намера да се фокусира на патничките автомобили кои на купувачите во исто време ќе им нудат и задволство во возењето на тркачка патека.

Доколку се реализираат сите планирани активности, од „Alfa“ проценуваат дека до 2018-та годишното производство би пораснало од околу 80.000 возила, колку што беа продадени во 2014-та, на дури 400.000 автомобили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП