25 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 26.10.2015

Дневен хороскоп 26.10.2015

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Точно на пладне обавете некој доверлив разговор со еден Бик, Лав, Риба или Рак, можете да постигнете многу така што ќе тактизирате, но внимавајте на некој вид на уцена од Јарец или Шкорпија. Можен е повик за важен деловен настан.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Сјаен период за соработка со странци, за влез во брак, планирање на семејство и подобрување на љубовниот однос. Многумина ви се восхитуваат и во приватниот живот и на работа. Подгответе се да воспоставите добра комуникација со надредените.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Имате сјајна прилика да решите една конфликтна ситуација на мирен начин. Некого ќе го допрете со вашиот став или некој ваш гест. Ќе добиете понуда од Водолија или Овен. Добро размислете пред да прифатите било што.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Добро се чувствувате во друштво на блиските пријатели, роднини со кои можете за се искрено да разговарате. Можно е заминување на пат и ако станува збор за работа ќе бидете повеќе од успешни ако успеете да и одолеете на една Водолија и на нејзините настојувања да ве убеди во она што го сака. Ако добиете понуда од приватна компанија, добро размислете пред да ја одбиете.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Ова не е ваш ден, освен ако не решавате прашања во врска со недвижнини или за приватен бизнис. Ќе ви се јави некој Бик или Рак со предлог кој ќе биде многу добар, а на некој Овен не сметајте премногу бидејќи е многу површен и уверен во некои свои верувања. Добро се чувствувате во друштво на лица кои имаат многу креативни идеи.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Ви одговара позицијата на Сонцето во Шкорпија бидејќи една ситуација сте ја решиле на ваш начин. Некој ќе ве повика, веројатно да се сретне со вас и би било добро да бидете искрени бидејќи така ќе оставите најдобар впечаток. Не би требало да се потпирате на некој Овен кој има премногу свои обврски.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Напнатоста во односите со партнерот може да биде многу нагласена, особено ако не бидете подготвени во нешто да попуштите, а најверојатно нема. Некој ќе ви понуди нова работа и не би требало да ја одбиете пред да размислите што е најдобро за вас.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Добро е аспектирано астролошкото поле на вашата личност и вие правите многубројни планови како деловни така и приватни. Можна е некаква вест за пари. Сметајте на некој Бик, Рак или Јарец бидејќи само тие можат да ви бидат десна рака во работата. Денот е добар за излегување и средби на јавни места.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Јупитер, вашиот владетел во Девица, а Меркур, планетата на логиката во Вага ве прават подготвени да влезете во некој бизнис со маркетинг. Ако имате работа со некоја Вага, добро отворете ги очите бидејќи таа ќе се обиде да ја заврти целата работа во нејзина корист.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Имате прилика да го поправите односот со некој кој отсекогаш ви бил драг, а вие на некој начин сте го занемариле. Денот е одличен за средба со пријателите кои имаат контакт со странци, бидејќи на тој начин ќе ви се отворат нови можности. Немојте премногу да се потпирате на својата интуиција, ќе погрешите.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Чувствувате подготвеност да се впуштите во некој голем и значаен проект, а тој ќе има врска со упорност и способност, но и со комуникации. Сето ова ќе ви биде потребно за да напредувате. Вашиот шеф смета на вас, па затоа немојте да го изневерите. Бидете подготвени за некоја отстапка кон некој член од семејството.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Месечината во Овен еднаш месечно ви носи добри и позитивни вибрации и некој вид на сигурност во себе, стабилност која ви е многу потребна. Ако Водолијата е ваша опсесија, заборавете на неа. Ниту некој Овен, нема да ви одговара, бидејќи ќе се обиде да ве изманипулира.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП