1 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПогледнете како изгледа внатрешноста на моделот Nexus 5X (видео)

Погледнете како изгледа внатрешноста на моделот Nexus 5X (видео)

nexi 33

Популарната интернет страна „iFixit“ овојпат во својата лабораторија имаше еден од двата нови „Google Nexus“ телефони – „Nexus 5X“.

Тимот го растури телефонот и откри неколку занимливости во текот на овој процес. Прво, иако „Google“ не рекламира дека „Nexus 5X“ има батерија која може да се замени, корисникот со малку труд може да ја одвои батеријата, заедно со бројни други делови.

Интересно е дека телефонот има модул „Quick Charge 2.0“ на плочата, но тој не прави ништо. За плочата е прицврстена и „USB Type-C“ портата, што значи дека тешко ќе може да се промени доколку се расипе.

Тимот на „iFixit“ ги потврди спецификациите на телефонот кои веќе ги знаеме, а вклучуваат процесор „Qualcomm Snapdragon 808“, 2GB RAM и 16GB дo 32GB простор за чување податоци.

„Nexus 5X“ доби вкупна оценка 7/10 зa поправка (10 е најлесно за поправање).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП