9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОMarca: Триото на Барса во трка за „Златната топка“

Marca: Триото на Барса во трка за „Златната топка“

249AD46800000578-0-image-a-4_1421079059436

Лионел Меси, Луис Суарез и Нејмар би требало да се најдат во најтесниот избор за престижната награда „Златна топка“, пренесува Marca. Читателите, во анкетата на весникот, сметаат дека во најтесниот избор нема место за Крстијано Роналдо.

На интернет страницата на Marca гласале 72.500 читатели, Меси добил 26,8 отсто од гласовите, односно 19.421 гласа. На второто место е Бразилецот Нејмар со 19,9 отсто од гласовите, а на третото е Луис Суарез со 17,5 отсто.

Овие тројца играчи минатата сезона ја предводеа Барселона до тројната круна и поставија апсолутен рекорд во шпанскиот фудбал со 122 голови и 66 асистенции на 60 натпревари.

Роналдо, минатата сезона остана без трофеј со клубот, тој не се најде меѓу првите тројца во анкетата, но извесно е дека на 11.јануари наредната година ќе биде во најтесниот круг за наградата која ја освои минатата година.

Португалецот досега три пати во кариерата бил прогласен за најдобар играч во светот, Меси има освоено четири „Златни топки“ и е најголем фаворит да го понесе признанието играч на годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП