26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi ги претстави RS6 Avant и RS7 со преку 600 „коња“ (фото)

Audi ги претстави RS6 Avant и RS7 со преку 600 „коња“ (фото)

novi audi 00

„Audi“ пушти две нови, помоќни модификации на спортските модели „RS6 Avant“ и „RS7 Sportback“. Тие го добиле додаток „Performance“ кон имиња, а моќноста им е зголемена за 45 КС.

novi audi 01

Стандардниот караван „RS6 Avant“ и хечбекот „RS7 Sportback“ се опремени со 4,0-литарски твин-турбо „V8“, чија моќ е 560 КС. Агрегатот работи во комбинација со 8-степен автоматски менувач. Во верзијата „Performance“ моторот веќе има на располагање 605 КС и 700 Нм, а при нагло забрзување се вклучува режим „Overboost“ кој додава за кратко време уште 50 Nm вртежен момент.

novi audi 02

Од 0 до 100 км/ч двата модела забрзуваат за 3,7 секунди, или за 0,2 секунди побрзо од стандардните верзии. Границата од 200 км/ч тие ја достигнуваат за 12,1 секунди или за 1,4 секунди побрзо од досега. При нарачување на изборниот спортски пакет максималната брзина може да биде зголемена од 250 на 280 или на 305 км/ч.

novi audi 03

За новите модификации е преработена и автоматската трансмисија, а за системот за погон на четири тркала повторно се нуди активен заден диференцијал. Уште во основната верзија на двете машини се вклучени спортски седишта, кабина со алкантара и карбон, како и 21-инчни бандажи со гуми 285/30 кај „RS6 Avant“ и 275/30 кај „RS7 Sportback“.

novi audi 04

Продажбата на двата автомобили во Германија стартуваат во почетокот на ноември. Цените на караванот почнуваат од 117.000 евра, додека кај хечбекот од 121.700 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП