4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИАжурирањето на Windows 10 ќе биде достапно за две недели

Ажурирањето на Windows 10 ќе биде достапно за две недели

vin deset

Првата голема обнова за „Windows 10“ ќе биде достапна за корисниците за две недели, објави онлајн изданието „The Verge“. „Microsoft“ планира да лансира подобрувања за софтверот уште во првата недела на ноември.

Надградбата го носи кодното име „Threshold 2“. Тој ќе доаѓа со низа промени и подобрувања во „Windows 10“. Меѓу нив се благи промени во дизајнот, шарени ленти на прозорците, подобрувања во менијата и друго. „Старт“ менито ќе добие уште една колона со интерактивни плочки.

Една од поголемите промени ќе е целосна интеграција на „Skype“ во оперативниот систем. Нема да има потреба да се инсталира посебен анекс на „Skype“, а корисниците ќе можат да ги користат вградените две апликации за разговор и видео повици.

Новиот прелистувач „Microsoft Edge“ исто така ќе добие лесни подобрувања, но помалку од првично предвидените. Можноста за инсталирање на додатоци на прелистувачот се одложи за следната година, велат изворите на „The Verge“.

Истото ќе се случи и со гласовниот асистент „Cortana“, а поголеми промени за оваа услуга ќе останат за следната обнова која ќе се случи догодина. Сепак и во „Threshold 2“ ќе има нешто ново – можност за диктирање на „SMS“ пораки од компјутер, а пораката да се испрати од телефонот кој е поврзана со него телефон. За таа цел и двата уреди ќе мора да го користат „Windows 10“. „Threshold 2“ ќе биде бесплатен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП