2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAston Martin го покажа електричниот Rapide S (фото+видео)

Aston Martin го покажа електричниот Rapide S (фото+видео)

e rapide 01

„Aston Martin“ официјално ја претстави електричната модификација на моделот „Rapide S“ – „RapideE“. Засега тоа е само прототип, но за максимум две години тој ќе биде пуштен во производство, а прво ќе се појави на пазарот во Кина, а потоа и во другите земји.

Електричниот спортски автомобил ќе се нуди во две верзии. Едната ќе биде само со заден пренос и моќност со која ќе се приближува до бензинскиот „Rapide S“, односно околу 560 КС. Втората ќе биде со погон на четири тркала и ќе развива помеѓу 800 и 1000 КС.

e rapide 02

Во првата опција со едно полнење „RapidE“ ќе може да поминува околу 200 милји (322 км), додека за втората се уште нема податоци.

Цените на електричните верзии ќе стартуваат од 200.000 фунти, а во „Aston Martin“ потпираат на тоа дека ќе продаваат 400 вакви автомобили годишно. Од нив 100 се наменети за Кина.

e rapide 03

„Aston Martin RapidE“ е развиен со помош на компаниите „Williams Advanced Engineering“ и „ChinaEquity“. Основната идеја за неговото пуштање на пазарот е редукција емисијата на штетни гасови во палетата на модели на марката, која продолжува да нуди автомобили со V12 атмосферски мотори. Од истата причина Британците пред неголку години го направија и „Cygnet“, кој се покажа како целосен неуспех.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП