6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMAN го вовлече Volkswagen во уште еден скандал

MAN го вовлече Volkswagen во уште еден скандал

Workers assemble a large Diesel engine at the MAN Diesel & Turbo factory in Augsburg

Норвешката компанија за транспорт „IM Skaugen“ поднесе тужба против морската поделба на „Volkswagen AG“ за манипулирање на тестовите на дизел моторите, произведени пред повеќе од 10 години, јавува „Ројтерс“.

Скандинавците сакаат отштета од 50 милиони долари, тврдејќи дека презентираните спецификации за моторите, производството на „MAN“, се лажни и тие всушност трошат далеку повеќе од наведеното.

Компанијата „MAN“ ја снабди „IM Skaugen“ со шест мотори во 2002-ра и 2003-та година. Во тоа време таа не е во сопственост на „Volkswagen AG“, кој купува 22% од неа дури во 2006-та година. Во моментов автомобилскиот концерн поседува 75% од „MAN Diesel“ и „Turbo SE“, и затоа побарувањата против производителот на камиони всушност се насочени токму против него.

Норвежаните поднеле тужба до судот во Сингапур уште во јули, но досега ништо не се случило. По избувнувањето на скандалот со манипулација на дизел моторите на „Volkswagen“, скандинавците одлучиле дека ситуацијата е идентична и дури ја зголемиле бараната отштета од 20 милиони на 50 милиони долари.

„Се обидовме да се договориме со „MAN“ во решавањето на проблемот, а во 2012-та година ни беше ветена целосна транспарентност за прашањето, како и негова конечна финализација. За нас методот и софтверот кои се користат во нашиот случај и овој со манипулациите на дизел автомобилските мотори е идентично. Целта е иста – да се прикрие фактот дека моторите не ги исполнуваат стандардите, без разлика дали станува збор за потрошувачка или штетни гасови“, коментира за „Ројтерс“, Морис Скоуген, извршен директор на норвешката компанија.

Клучна улога во барањето на „IM Skaugen“ игра признанието на „MAN“ од 2011-та година, во кое се вели дека некои од фабричките тестови на моторите „можеби се наместени за да покажат помала потрошувачка на гориво“. Претставник на компанијата тврди дека се правени обиди за постигнување на вонсудско решение не само со оваа компанија, но и со други клиенти.

Шефот на одделот за маркетинг и комуникации на „Volkswagen AG“, Јан-Дитрих Милер, коментира дека Концернот на неколку пати се обидел да се договори со „IM Skaugen“ надвор од судот, но на крајот Норвежаните еднострано ги прекинале преговорите. Милер додаде дека „MAN“ исто така, донесе неколку тужби против компанијата-превозник, а најголемата е за 10,5 милиони евра. Тоа е поради одбивањето на скандинавците да платат други два мотори кои се произведени од страна на „MAN“.

Во 2008-ма година судот во Аусбург (Германија) парично го казни „MAN“ со 8,2 милиони евра за обезбедувањето на манипулирани резултати од десетици дизел мотори, наменети за морски бродови. Тие биле опремени со софтвер кој испраќа на дисплеите на фабричките компјутери вредности со помала потрошувачка на гориво од реалните.

Од „Volkswagen“ најавија дека по купувањето на контролниот пакет на „MAN“, компанијата е ремонтирана, како и дека се прави се што е можно за решавање на споровите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП