28 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЕкспертите предвидуваат: Вака ќе изгледа светот во 2045-та година (видео)

Експертите предвидуваат: Вака ќе изгледа светот во 2045-та година (видео)

vestacka-inteligencija

Второто продолжените на култниот филм „Враќање во иднината“ е премногу актуелно. Предвидувањето на иднината е прилично неблагодарна работа, но овој филм многу од тоа погоди што ќе се случи.

Британски „Telegraph“ поразговара со неколку експерти и футуристи (Alex Ayad, Oren Etzioni, Tamar Kasriel, Richard Watson, Peter Cochrane, Mark Drapeau) со цел да провери какви се нивните предвидувања за 2045-та година.

1. На интернет ќе купуваме емоции

Споделувањето на емоции ќе биде голем хит во 2045-та. Методите на стимулација на мозокот, како што се oптогенетика, ќе овозможи не само читање, туку и пишување на информации во невроните.

Во иднина така ќе постои еден виртуелен пазар на кој ќе се тргува со високо квалитети емоции и на пример на кои, уметниците ќе купуваат меланхолија, а актерите ќе се подготвува за својата следна претстава, во потрага по сочувство или жалење.

2. Градовите ќе бидат изградени од живи материјали кои реагираат на околината

За 30 години високите згради од стакло и челик, ќе дејствуваат како остатоци од некои минати времиња на ист начин како што гледаме на грдите бетонски згради од седумдесеттите. Во иднина не чекаат живи материјали што може полесно да се креираат, прилагодат, но и одложат.

Целосно новите синтетички форми на живот (или биолошки машини), изработени од клетки на бактерии или алги, одгледувачите ќе ги развиваат во согласност со потребите на станарите. Денес лабораториите на синтетичка биологија дискутираат што се ни нуди природата.

3. Ќе користиме наметки за невидливост

Невидливоста отсекогаш била привлечна идеја. Научниците во текот на последните неколку децении заклучија дека е можно да се дизајнира нов тип на материјал (метаматеријали) кои ќе имаат моќ на дифракција на светлината. Tеоретски земено, наметките од такви метаматеријали работат на принципот на „искривување“ на електромагнетните бранови околу еден објект кој сакаме да го сокриеме, и поради промената на електромагнетни бранови, всушност се гледа она што е зад одредениот објект.

4. Вештачката интелегенција ќе даде одговори на некои од најголемите прашања

До 2045-та година, вештачка интелигенција нема да го достигне нивото на човечката, но ќе имаме интелигентни алатки кои многу ќе ни помогнат. Ниту еден човек не е во можност да прочита дел од милиони и милиони дела кои се достапни на интернет. Но, што ако на пример, тајната за лекот за рак се крие во едно од делата кои се објавени минатата година?

5. Луѓето постојано ќе се надоградуваат

Подобрување во видот на употреба на различни протези и подобрувањата ќе станат секојдневие. Побогатите ќе имаат подобар вид и слух, а вистинската комбинација на храна и лекови, уште повеќе ќе ги подобри нашите перформанси.

6. Автомобилите без возачи ќе бидат само обични возила

Возењето во иднина би можело да стане само спорт за ентузијастите.

7. Вашиот телефон, автомобил или дом ќе ги читаат вашите емоции и ќе се прилагодуваат на нив

Во овој момент на машините и уредите може да не лоцираат, да не идентификуваат или да откријат што правиме, но тоа е малку. Следниот чекор е препознавње на емоции. Тоа ќе се стори со помош на препознавање на изрази на лицето, говорот на телото, следење на виталните знаци и слично.

Истото ќе го направи и вашиот автомобил кој ќе ве предупреди да не возите доколку сте вознемирени, затоа што така ги загрозувате другите. Па поради тоа може да ви сугерира што да направите или да ја превземе контролата од вас.

8. Инсекти-роботи ќе им помагаат на земјоделците и војската

До 2045-та година ќе има роботи со големина на инсекти кои ќе летаат во роеви. Тие ќе може да се користат за опрашување, но и во војна. Роботите може да бидат опремени со камери и уреди за тестирање на квалитетот на воздухот и алармирање на војниците на закана од биолошки напад. Тие можат да се програмираат за да комуницираат и со вистински инсекти.

9. Се е под надзор

Наутро веднаш штом ќе се разбудите и ќе влезете во бањата, огледалото ќе го провери вашиот пулс, четка за заби ќе ја анализира вашата плунка, ВЦ шољата вашата столица, а собраните податоци ќе бидат анализирани и споредени со веќе собраните податоци. Врз основа на овие податоци, компјутерот ќе ви препорача мени, зголемена физичка активност или да одите на лекар.

Роботизираната иднина ќе има за цел да го олесни животот на сите нас. А можеби и не на сите, туку само на оние кои ќе можат себеси да си дозволат таков живот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП