9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКолку години затвор добија банкарите од Исланд

Колку години затвор добија банкарите од Исланд

Rejkjavik_pix

„Iceland Magazine“ објави дека овој месец на Врховниот суд на Исланд и Oкружниот суд во Рејкјавик се изречени затворски казни за тројца менаџери од банката „Landsbankinn“ и двајца од банката „Kaupthing Bank“, како и на еден инвеститор.

Магазинот наведува дека со последните пресуди, поради својата услога во финансиската криза и колапсот на банкарскиот сектор, се осудени вкупно 26 банкари и инвеститори на вкупно 76 години затвор.

Алтернативните американски медиуми подеднакво ги фалат извештаите од Исланд, истакнувајќи дека во Америка не е подигнато ниту едно обвинение против банкарите поради финасиските малверзации кои светот го однесоа во Големата рецесија.

„Ние бевме доволно мудри да не ја следиме традиционалната и преовладувачка ортодоксност на западниот финансиски свет во последните 30 години. Ние воведовме контрола на валутите, ние на банките им дозволивме да пропаднат, ние им дадовме поддршка на луѓето и не воведовме мерки за штедење какви што гледате во остатокот во Европа“, изјави претседател на Исланд, Олафур Рагнар Гримсон, во одговор на прашањето како Исланд закрепна од кризата.

Додека многу Влади ширум светот скокнаа да им помогнат на банките и ги санираа со парите од даночните обврзници, Исланд се одлучи на поинаков пристап. Ги обезбеди само парите на домашните сопственици на банкарски сметки, и ја ограничи исплатата.

Иако, како и сите други земји, Исланд претрпе тежок удар поради финансиската криза, денес е на пат кон сигурно закрепнување, а како што признава и ММФ, закрепнувањето е постигнато без загрозување на јавниот систем за здравство и образование.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП