4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЛиста на Android апликации кои најмногу ја забавуваат работата на уредот

Листа на Android апликации кои најмногу ја забавуваат работата на уредот

and apps33

Иако се опремени со најмоќните хардвери и софтвери, дури и врвните „Android“ телефони и таблети страдаат од проблемите со перформансите.

Било да станува збор за користење на премногу на „CPU“, заземање на премногу простор за складирање податоци или трошење на батеријата побрзо отколку што може да се наполни. Главни „виновници“ нормално се апликациите.

Безбедносната компанија „AVG“ сега објави листа на апликации кои се одговорни за споменатите проблеми на „Android“ уредите, а се однесуваат на вториот квартал од оваа година.

Апликациите се поделени во две групи. Првата ја сочинуваат апликации кои се инсталирани од страна на корисниците, а тука најголем проблем е „Snapchat“. „Snapchat“ успеа дури и да го престигне „Facebook“ во забавувањето на перформансите на уредите, а за ова е заслужно симултаното користење на камерата, „Wi-Fi/cellular“ податоците и „GPS“. Уште еден неочекуван „натрапник“ е и „Tumblr“, кој е одвоен како апликација која троши најмногу податоци – повеќе и од „Netflix“ и „Spotify“ комбинирано. Кога станува збор за апликациите кои автоматски стартуваат или работат во позадина, на прво место е „Facebook“, a го следи „Google Play Services“.

„AVG“ истакнува дека не сака да ги исплаши корисниците на „Android“ уредите. Целта на овој извештај е да се известат корисниците и да им се посочи на тоа кои апликации треба да ги избегнуваат. Нормално, присуството на овие апликации на листата на „AVG“ исто така укажува и на тоа дека ова се најпопуларните апликации, што кај корисниците може да предизвика дилема што да прават.

avg-top-10-1-800x420

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП