22 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИWestern Digital ја купува SanDisk за 19 милијарди долари

Western Digital ја купува SanDisk за 19 милијарди долари

wd-sandisk

Компанијата „Western Digital“ постигнала договор за купување на „SanDisk Corp“ за околу 19 милијарди долари. Зделката станува факт, по појавата на шпекулациите дека „SanDisk“ бара купувач.

Според информациите оваа трансакција го проценува „SanDisk“ на 86.50 долари по акција, што е за 15% повеќе од цената на затворање на акциите од претходниот ден, при што компанијата беше со пазарна капитализација од 15,4 милијарди долари. Акциите на „SanDisk“ поскапуваат за речиси 5%.

Зделката ќе ги обедини две од најголемите компании во сферата на чување на податоци. На многу начини „SanDisk“ со своите чипови за флеш меморија претставува иднина без ротирачките хард дискови на „Western Digital“.

И покрај огромниот раст на почетокот, во последно време „SanDisk“ објавува резултати, кои не ги исполнуваат очекувањата. Во исто време „Western Digital“ губи дел од својата основна дејност, бидејќи индустријата поминува се повеќе кон употреба на флеш меморија.

Главниот извршен директор на „SanDisk“, Санџеј Меротра се очекува да се приклучи кон одборот на директори на „Western Digital“ по финализирањето на зделката. Додека главниот извршен директор на „Western Digital“, Стив Милиган ќе ја задржи својата функција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП