13 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗToyota подготвува хибрид кој ќе биде ривал на Juke

Toyota подготвува хибрид кој ќе биде ривал на Juke

chr tojota

„Toyota“ не ги крие амбициите да се наметне во класата на субкомпактни кросовери каде владетел е „Nissan Juke“.

За таа цел најголемиот производител на планетата веќе е целосно подготвен со сериска верзија на концептот „C-HR“ која ќе биде прикажан на автосаемот во Женева во март следната година.

Стартот на продажбата е предвиден за почетокот на летото во 2016-та година, а се очекува моделот да го носи името „Auris Cross“ и да се нуди не само во бензински и дизел верзии, туку и како хибрид, нешто што до сега не е направено во овој сегмент. Поради тоа кросоверот е изграден на платформата „TNGA“ (Toyota New Global Architecture), која се користи и за новата генерација на „Toyota Prius“.

За разлика од концептот, сериската верзија на „Toyota CH-R“ нема да доаѓа со 3 врати, туку само со 5, што е далеку попрактично. Според димензиите моделот ќе биде споредлив со „Nissan Juke“, па неговата должина ќе биде 4135 мм, широчината – 1765 мм, а висината 1565 мм. Истовремено, сепак внатрешниот простор ќе биде блиску до тој на поголемиот „Qashqai“, се тврди во информациите.

Лично шефот на компанијата Акио Тојода поставил задача дизајнот на автомобилот да биде храбар и екстравагантен, па „Auris Cross“ ќе се обиде да конкурира на „Juke“ и со атрактивниот изглед.

Останатите ривали на новиот кросовер на Јапонците се исто така познати – „Opel Mokka“, „Honda HR-V“, „Mazda CX-3“ и „Peugeot 2008“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП