27 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗОд фабриката во Лајпциг излегуваат првите примероци на М2

Од фабриката во Лајпциг излегуваат првите примероци на М2

m dvojcica

Најкомпактниот модел на „BMW M“ се симна од производната лента во фабриката во Лајпциг, Германија. Моделот „М2“ ќе се појави во продажба за неколку месеци, а првите испораки на клиентите ќе бидат реализирани во пролетта oд 2016-та година

Благодарение на флексибилноста за склопување на фабриката, „BMW M2 Coupe“ се произведува заедно со моделите „BMW Series Coupe 2“ и „Convertible“, „BMW Series 2 Active Tourer“ и „BMW  Series 1“ со 5 врати. Вкупниот капацитет на објектот во Лајпциг е 750 автомобили на ден.

Во истата фабрика се прават и моделите од еколошката серија „i“ на „BMW“. Всушност тоа е единствениот објект на компанијата во која се произведуваат моделите на „BMW“, „BMW i“ и „BMW M“.

m dvojcica1

Ова спортското купе се јавува како директен наследник на „Series 1 M Coupe“ и на оригиналната „М3“. Долгиот 4468 мм спортски модел се потпира на 6-цилиндричен мотор „M TwinPower Turbo“ со зафатнина од 3,0 литри. Неговата моќ е 370 КС, а максималниот вртежен момент достигнува 465 Нм, а за краток временски период може да биде зголемен до 500 Нм.

„BMW M2 Coupe“ ќе се нуди со 6-брзински мануелен менувач, при што просечната потрошувачка на гориво е 8,5 l/100 km. Во верзијата со 7-степен менувач со две спојки, моделот троши 7,9 l/100 km. Забрзувањето од 0 до 100 км/ч кај втората модификација трае 4,3 секунди. Импресивно е и постигнувањето на Нирбургринг – 7:58 минути.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП