3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОстар пад на добивката на Yahoo

Остар пад на добивката на Yahoo

yahoo serii

Интернет компанијата Yahoo извести дека во изминатото тромесечје остварила добивка од 76,3 милиони долари, додека во истиот период од минатата година, добивката изнесувала 6,77 милијарди долари.

Минатогодишната добивка вклучуваше 6,3 милијарди долари од продажба на акциите на кинеската компанија за интернет трговија Alibaba.

Во третото тромесечје приходите од мобилниот промет на Yahoo се зголемиле за 31 отсто, на 271 милион долари, а приходите од огласување пораснале за 43 отсто, на 422 милиони долари.

Компанијата воедно најави и договор за огласување со Google. Извршната директорка Мариса Маер, која настојува да постигне пресврт во работењето на Yahoo рече дека компанијата ќе има „пофокусиран“ пристап во работењето.

„Од почетокот на 2016 година ќе работиме на фокусирана стратегија, ќе се насочиме на помал број на производи со поголем квалитет заради постигнување на засилен раст и профитабилност“, рече Мајер.

Договорот со Google, според кој интернет компанијата Yahoo ќе плаќа процент за огласи прикажани на нејзината страница, би можел да поттикне нови приходи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП