19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИStarbucks и Fiat затаиле данок

Starbucks и Fiat затаиле данок

fotorcreated

Даночниот договор кој американски „Starbucks“ го склучил со холандските власти и договорот на авто-компанијата „FCA“ со Луксембург се незаконски.

Ова го објави Европската комисија, повикувајќи ги владите на овие земји да повратат помеѓу 20 до 30 милиони евра во неплатени даноци од овие компании.

Според ЕК, таквите договори на Луксембург и Холандија им овозможиле селективни даночни предности на финансиската гранка на „Fiat“ и европската филијала на „Starbucks“.

„Комисијата им нареди на Луксембург и Холандија да го повратат неплатениот данок од „Fiat“ и „Starbucks“ со цел отстранување на неправедната конкурентска предност во која уживале и креирањето на еднаков третман со другите компании во слични ситуации“, се наведува во соопштението на Европската комисија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП