4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИOne A9 - новиот смартфон на НТС

One A9 – новиот смартфон на НТС

devet a

Тајванскиот производител на смартфони „HTC“ го претстави новиот долгоочекуван модел „HTC One A9“.

Смартфонот ќе почне да се нуди од почетокот на ноември на светските пазари, а неговата цена ќе биде околу 400 долари. Тоа е околу 250 долари под цената, при која започна продажбата на постарите верзии на моделот.

Уредот е со 5-инчен дисплеј, има скенер за отпечатоци и има 13 мегапикселна задна камера. Процесорот е осемјадрен „Qualcomm Snapdragon 617“. Смартфонот ќе се нуди во две варијанти со 16 и 32 GB меморија, а меморијата ќе може да се прошири со картичка до 2 терабајти.

Куќиштето на смартфонот е метално, а боите кои ќе можат да ги избираат корисниците, се бела, сива, сребрена, златна и рубин црвена боја.

devet a1

Од „HTC“ ветија надградба на софтверот на смартфонот со новиот „Android Marshmallow“ до 15 дена откако „Google“ ќе ги пушти новите верзии на софтверот за своите „Nexus“ уреди. Од таму исто така најавија дека гаранцијата на уредите ќе важи, дури и да е декодиран (ако бидат купени од мобилен оператор).

„Моделот „One A9“ е најдобриот паметен телефон кој сме го замислувале со години“, коментира претседателот на компанијата за САД, Џејсон Мекензи.

Во САД моделот ќе биде понуден со 30-дневен тест период, по кој корисниците можат да се откажат од уредот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП