27 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗПрвиот Lexus произведен во САД (фото)

Првиот Lexus произведен во САД (фото)

us lexus

„Lexus“ го стартуваше производството на возила во САД по четврт век присуство на овој пазар.

Автомобилите на луксузната марка на „Toyotа“ ќе се изработуваат во фабриката во Џорџтаун, во американската сојузна држава Кентаки.

„Toyota“ во последните две и пол години во овој погон вложи 360 милиони долари со цел да го подготви производството на моделите на „Lexus“.

us lexus 1

Благодарејќи на оваа инвестиција, производниот погон доби уште една линија за склопување возила со годишен капацитет од 50.000 автомобили.

За потребите во производството на возила од брендот „Lexus“, раководството вработи уште 750 работници, па така нивниот број порасна на 7.500.

us lexus 2

Првото возило кое слезе од производната лента во Џорџтаун е моделот „Lexus ES 350“.

Иако луксузниот бренд на „Toyotа“ е присутен на американскиот пазар од 1989-та година, досега сите автомобили со амблемот на „Lexus“ се увезуваа во оваа земја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП