21 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗPorsche го претвора Cayman во кросовер

Porsche го претвора Cayman во кросовер

kajmanica 3

Германскиот производител „Porsche“ ја разгледува можноста за пуштање на нов кросовер на пазарот, а тој ќе го заземе местото под „Macan“ во палетата на брендот, соопштува германски „AutoBild“.

Возилото ќе се нуди како со две врати, така и со четири. Според информациите на весникот моделот ќе претставува теренец верзија на купето „Cayman“, а ќе има уникатен дизајн. Дебито на кросоверот е предвидено за 2020-та година.

Во моментов „Macan“ е најмалиот кросовер на „Porsche“, а се нуди со избор од два бензински мотори со зафатнина од 3,0 литри, развој од 340 и 400 КС, како и со дизел со истиот обем и 245 КС.

Во почетокот на 2016-та година, германскиот производител ќе ја лансира на пазарот новата генерација на хечбекот „Panamera“, која е изградена на модуларната платформа „MSB“. Благодарение на неа моделот ќе е за 100 килограми полесен од својот претходник, а специјално за него е развиена цела палета бензински и дизел мотори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП