4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИApple Music има 6,5 милиони претплатници

Apple Music има 6,5 милиони претплатници

app music

Музичката услуга „Apple Music“ придоби повеќе од 6,5 милиони претплатници, соопшти генералниот директор на компанијата Тим Кук на конференцијата за печат, која ја организираше американскиот економски весник „Волстрит журнал“ во Калифорнија.

Кук исто така наведе дека 8,5 милиони луѓе го користат тримесечниот бесплатен пристап до „Apple Music“, кој е лансиран во јуни оваа година.

Според неговата оценка, вкупниот број на корисници на оваа музичка услуга од 15 милиони претставува успешен почеток.

„Навистина сум задоволен и мислам дека добро започнавме“, изјави Кук.

„Apple“ се надева дека со оваа услуга ќе бидат конкурентни на пазарот на стриминг (директно слушање музички содржини од интернет) превласт која ја има во областа на дигиталната музика преку својата веб продавница „iTunes Store“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП