18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИWizz Air го превезе 100-милионитиот патник

Wizz Air го превезе 100-милионитиот патник

wizzko02

„Wizz Air“, најголемата ниско-буџетна авио компанија во Централна и Источна Европа, денес го прослави својот најголем успех со превезениот 100-милионит патник на своите ниско-буџетни летови на кои лета во последните 11 години.

100 милионитиот патник патуваше на Визеровиот денешен лет од Лондон-Лутон до Варшава, а компанијата го прослави овој свој успех изненадувајќи ги сите патници во авионот со по еден бесплатен лет. 1,8 милиони патници кои летале со Wizz Air во изминатите 11 години, летале на една од рутите во Македонија. Како заложба поради растечката популарност на својата ниско-буџетна понуда Визер континуирано работи на подобрување на услугите. Неодамна компанијата воведе резервација на седиште и дополнително овозможи за патниците со приоритет да носат личен багаж во авионот.

„Wizz Air“ го прослави својот историски успех и превезениот 100-милионит патник со снижување на цените за 20% на сите клуб резервациите кои ќе бидат направени денес и утре.

100 милиони патници – факти и бројки

5.87 милиони превезени деца*(* на возраст од 2 – 14 години)

657,121  полетувања

138 временски години поминати во воздух

842,847,278 прелетани километри

245 различни националности на патниците

3,087,790 патници превезени на најпознатата рута во Полска (Варшава – Лондон-Лутон)

100 million WIZZ passengers_infographic

József Váradi, ЦЕО на „Wizz Air“, рече: „Својот прв лет од Полска до Велика Британија го имавме во 2004-та, а денес, 11 години подоцна, го прославуваме нашиот успех со 100 милиони превезени патници превземени од над 110 аеродроми во 38 земји. Оваа недела прославуваме на сите шест полски аеродроми бидејќи 40% од нашиот феноменален раст беше остварен од полските потрошувачи и нивните посетители. Горд сум што работам со тим од над 2,400 најдобри професионалци од својата област, од кои 650 се Полјаци, со кои постојано обезбедуваме неверојатно ниски цени на пазарот. Денешниот успех беше постигнат благодарение на нашата дисциплина во однос на трошоците и нашето штедење со што успеавме на нашите патници да им обезбедиме ниски цени и добра услуга. Остануваме посветени на зголемувањето на обемот на патничкиот сообраќај во сите полски региони каде што летаме и континуирана понуда за нашите потрошувачи на нови можности за патување, за бизнис, задоволство или во посета на нивните семејства. Искуството на „Wizz Air“ ќе продолжи преку заложба за нудење на ниски цени и квалитетна услуга што ќе овозможи дополнително и конфор кој го бараат нашите потрошувачи. Однапред се радувам што ќе понудиме повеќе нови рути, повеќе летови и повеќе можности за нашите патници.”

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП