4 јули, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВип со раст на приходите, но пад на добивката

Вип со раст на приходите, но пад на добивката

Vip-Macedonia-prepaid-data-

Оператор Вип во првите девет месеци од годината, вклучувајќи го и Близу, остварил вкупни приходи од 50,5 милиони евра, што е раст за 12,7 отсто, додека оперативната добивка бележи пад на 466,230 евра, како резултат на зголемување на оперативните трошоци за 11 отсто.

Како резултат на силната конкуренција во мобилниот сегмент и трендот на намалување на вкупната пенетрација на пазарот, бројот на мобилни корисници се намали до 624,000 корисници, при што пазарниот удел на Вип остана на ниво од 28,5 отсто. Со аквизицијата на Близу, сегментот Македонија брои околу 86,000 фиксни пристапни линии за првите девет месеци од 2015г, се вели во соопштението на Телеком Австрија Групацијата.

Во наведениот период заработката пред камати, даноци, амортизација и депрецијација (ЕБИТДА) забележува пораст од 25,4 отсто и достигна 11,6 милиони евра.

Воедно, на почетокот на октомври 2015 година беше завршена трансакцијата за спојувањето на подружницата на Телеком Австрија Групацијата, Вип оператор и на подружницата на Телеком Словеније Груп, Оне, со што беше формирана нова компанија оне.Вип ДОО Скопје. Резултатите од работењето на новиот ентитет ќе бидат внесени во извештаите на Телеком Австрија Групацијата во четвртиот квартал од 2015 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП