21 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗKia забележа рекордна продажба во Европа

Kia забележа рекордна продажба во Европа

kico

Со 95.102 испорачани возила на европскиот пазар во периодот јули-септември, корејскиот производител го имаше најдобриот квартал откако е присутен на Стариот континент.

Според податоците на европското здружение на автомобилски производители (ACEA), „Kia“ во третиот квартал оставарила раст на продажбата од 9,7 отсто (во однос на 86.718 испорачани возила во истиот период во 2014-та).

Гледано вкупно, „Kia“ во 2015-та може да се пофали со најдобра продажба во Европа досега. За првите девет месеци пласираше 295.140 возила, што е 8,3% повеќе од периодот јануари-септември 2014-та кога се продадени 272.600 aвтомобили.

kico1

Компактниот „SUV Sportage“ е најпродаваниот модел на „Kiа“ во Европа, а во третиот квартал доби 25.308 нови сопственици, што е раст од 5,2% (вкупно 81.310 примероци во првите девет месеци од 2015-та).

На неодамна завршениот саем за автомобили во Франкфурт премиера имаше и новата генерација на ова возило која во продажните салони ќе пристигне на почетокот на 2016-та.

Вториот најпродаван модел на „Kiа“ е „Cee’d“, кој неодамна беше редизајниран, а во 2015-та привлече 58.761 купувачи.

Во однос на 2014-та продажбата на моделот „Rio“ е зголемена за 11% (16.452 возила во третиот квартал, вкупно 49.511 примероци во 2015-та), додека „MPV Venga“ со продадени 6.884 возила во периодот јули-септември забележа раст од 9% во однос на 2014-та.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП