3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗДали ова е новиот Mercedes-Benz E-Class? (фото)

Дали ова е новиот Mercedes-Benz E-Class? (фото)

eklasa 30

Изданието „Auto Express“ објави слики од следната генерација на „Mercedes-Benz E-Class“, чија светска премиера е предвидена за саемот во Детроит во јануари.

Кадрите, се разбира, не се официјални, а претставуваат комбинација на различните фотографии на моделот, направени додека тој беше тестиран и соодветно покриен. Според изданието идниот седан ќе претставува микс меѓу последните генерации на „S“ и „C-Class“, чија конструкција ќе биде користена.

Познато е дека новата „E-Class“ ќе се потпира на платформата „MRA“ и на воздушно потпирање. Самата шасија е од алуминиум, што ќе му овозможи на моделот да биде полесен од својот претходник со околу 100 килограми, но истовремено ќе ги надминува големините.

eklasa 31

Големите новини ќе бидат под хаубата на моделот. Тој со верзијата развиена од делот „AMG“, ќе фрли ракавицата на конкурентите од „BMW“ и „Audi“, бидејќи ќе се потпира на 4,0-литарски V8 со две турбини и моќ од 600 КС. Агрегатот е целосно нов, а во него се користени елементи од моторите „M177“ и „M178“ и се користат за модели „S63 AMG“, „C63 AMG“ и „AMG GT/GT S“.

Сериозно внимание е посветено и на системите за безбедност. „Mercedes-Benz E-Class“ ќе добие напреден автоматски пилот при брзина до 200 км/ч. Тој ќе може самостојно да забрзува и да врти, без да се потпира на сообраќајните прописи. За ознака системот ќе ја користи инфраструктурата околу патот, а ќе се потпира на знаците за ограничувања, за да може да ја намалува брзината, доколку возачот не го стори тоа.

eklasa 32

Во опремата ќе влезе и функција која овозможува размена на информации помеѓу возилото и инфраструктурата. Таа се нарекува „Car-to-X“, а ќе го предупредува возачот при опасност на патот.

Идната „E-Class“ ќе ја добие и технологијата која овозможува далечинско паркирање со помош на апликација од смартфонот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП