3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИГугл му се заканува на Мајкрософт, нуди бесплатен софтвер за работа!

Гугл му се заканува на Мајкрософт, нуди бесплатен софтвер за работа!

googlevsoffice365

Американскиот технологшки гигант „Гугл“ објави дека бесплатно ќе го нуди својот канцелариски софтверски пакет „Апликации за работа“ (Apps for Work) на компании кои со договор се поврзани со другите производители на софтвер.

Професионалните клиенти вообичаено плаќаат месечно пет долари (четири евра) по корисник за основниот пакет.

Подобрената верзија на пакетот месечно чини 10 долари (осум евра) по корисник.

Интернет гигантот ќе им понуди на компаниите кои тоа го сакаат, неговиот пакет да го користат бесплатно до истекот на договорот со кој се поврзани со другите производители.

Порталот „Бизнис инсајдер“ оваа вест ја пласираше под насловот „Гугл повлекува луд и агресивен потег за да ги украде корисниците на „Мајкрософт Офис““.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП