29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗJaguar ја засилува својата гама

Jaguar ја засилува својата гама

jaguar feb

„Jaguar“ ја засилува својата линија на возила со високи перформанси, а веќе за саемот во Њујорк е подготвен новиот модел „XKRS GT“

Овој модел е развиен од страна на „ETO“ одделението во компанијата и го карактеризира агресивен екстериер со преден сплитер од јаглеродни влакна, но исто така и проширени крила од ист материјал.

jaguar feb1

Возилото доби и вентилирана хауба, дифузор од јаглеродни влакна и масивно задно крило. Останатите промени во рамките на овој модел се 20-инчните алуминиумски тркала на кои се поставени пневматиците на „Pirelli“ со димензии 255/35 напреди и 305/30 позади.

За погонот на овој модел е задолжен 5.0L V8 мотор кој развива 505ks снага и 680Nm вртежен момент. Тој е поврзан со шестостепен автоматски менувач кој ја префрла снагата на задните тркала преку активниот електронски диференцијал.

jaguar feb2

Ова овозможува „XKR-S GT“ да забрзува од 0 до 100km/h за 3.9 секунди, пред да ја достигне електронски ограничената брзина од 299km/h.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП