21 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗYamaha влегува во светот на автомобилите?

Yamaha влегува во светот на автомобилите?

yamaha-tokyo-2015-concept-1

Познатa пред се по производството на мотоцикли, јапонската компанија на саемот во Токио кон крајот на октомври ќе претстави концепт на спортско купе.

На првата фотографија која беше објавена со цел да ги заинтригира фановите на автомобили , може да се види карактеристична спортска силуета на двосед со спуштен преден дел и нагласени крила.

Од „Yamaha“ соопштија дека дизајнот е инспириран од мотоциклите и дека го „изразува уникатниот стил“ кој го преферира оваа компанија.

Техничките детали и податоците за погонскиот систем ќе бидат познати на 29-ти октомври, по токиската премиера, кога ќе можеме да дознаеме и дали „Yamaha“ има планови за сериско производство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП