3 јули, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBank of America заработи 4,1 милијарди долари

Bank of America заработи 4,1 милијарди долари

bank_of_america33

„Bank of America“ го зголеми профитот во третиот квартал од ова година, благодарејќи на ниските трошоци на задолжувањето и помалите издатоци за парници.

Bank of America во три месеца заклучно со септември заработи 4,1 милијарди долари или 37 центи по акција, во споредба со загубата од 470 милиони долари од истиот период лани.

Приходите на банката се намалени на 20,68 милијарди долари, од 21,4 милијарди од истиот период минатата година.

Банката во третиот квартал минатата година имала парнични трошоци од шест милијарди долари.

Новите резултати ги надминаа очекувањата на аналитичарите кои прогнозираа дека Bank of America ќе заработи 33 центи по акција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП