4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИIntel работи на чипови за iPhone 7?

Intel работи на чипови за iPhone 7?

Apple_Intel

Армија од соработници на „Intel“ во сферата на истражувањето и студиите, според информациите од медимите работи под силен притисок над „LTE“ модем за следниот „iPhone“ на „Apple“.

Под одредени околности „Intel“ треба да го произведува дури и основниот чип за телефон, кој ќе и помогне на компанијата конечно да обезбеди подобра позиција на пазарот на мобилни услуги.

Веста објавена од „VentureBeat“, сугерира дека „Apple“ би сакала да создаде „System-on-a-Chip“ (SOC) за следната генерација на „iPhone“, која го комбинира „Ax“ процесор и „LTE“ чип модемот.

Дури самиот бројот на вработени во процесот сугерира дека во случајот производителот на чипови не работи само над договорот за испорака. Според изворот на весникот инженери на „Apple“ често патуваат до Минхен за да работат заедно со своите колеги од „Intel“ врз оптимизацијата на „7360 LTE“ моделот за наследникот на „iPhone 6S“.

Тој може да обезбеди подобра брзина, подобар менаџмент на енергија и на тој начин – подобар живот на батеријата, а исто така ќе придонесе за мал чип, кој ќе зазема помалку простор во самиот уред, ослободувајќи простор за поголема батерија.

„Intel“ одамна сака да влезе на пазарот на процесори за мобилни уреди. Во сегашниот „iPhone 6S“ на „Apple“ се наоѓа „LTE“ модем на „Qualcomm“. За процесори во моментов „Apple“ се потпира на „Samsung“ и „TSMC“.

Ниту „Apple“, ниту „Intel“ досега немаат коментар за информацијата на „Venturebeat“. За содржината на веста сепак се претпоставува дека најверојатно е дело на „PR“ одделот на „Intel“, коментира „Ројтерс“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП