4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGoogle има право да дигитализира милиони книги

Google има право да дигитализира милиони книги

katelen

Компанијата Google во петокот доби потврда од американското правосудство дека неговиот проект на гигантската дигитална библиотека Google Books не ги нарушува авторските права, но оваа одлука писателите имаат намера да ја оспорат пред Врховниот суд на САД.

Проектот Google Books, започнат во 2004 година, се состои од создавање на најголемата дигитална библиотека досега. Повеќе од 20 милиони дела веќе се скенирани.

Но уште во 2005 година тројца американски автори Џин Бутон, Бери Мајлс и Џозеф Гулден го тужеа Google пред судот за да ја оспорат дигитализацијата на едно нивно дело без нивна согласност. Одбиени првиот пат во ноември 2013 година, тројцата вложија жалба, а беа поддржани од Американскиот синдикат на авторите (Authors Guild)

Библиотеката Google Books е претставена како алатка за пребарување кој овозможува преглед на содржините на милиони книги. Google, притоа, им нуди само извадоци од делата на корисниците а не целата содржина, и упатува на линкови на кои можат да се купат.

За Сојузниот апелационен суд во Њујорк, дигиталната копија на книга со цел да се истражува нуди информации за книгите, а не за делата заштитени со авторски права, напишал Пјер Левал, еден од трите судии кои ја донесоа одлуката.

Авторите го оспоруваат и фактот дека Google ги става дигитализираните дела на располагање на библиотеките со коишто склучил договори.

„Самата можност библиотеката да не ги почитува авторските права, не го прави Google соучесник во таа практика“, додал судијата Левал.

За сите три судии, Google Books открива сосема примерен дел од содржината заштитена со авторските права во согласност со американските закони за авторски права.

Компанијата од Маунтан Вју во Калифорнија е задоволна со оваа интерпретација „којашто покажува дек проектот функционира како каталог на дигиталното време“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП