Медиумите во Германија дојдоа до нови детали за следната генерација на кросоверот „Audi Q3“, чие излегување на пазарот е закажано за следната година.
Според информациите, поради претстојниот настап на „Q1“, новиот Q3 ќе порасне во димензиите. Тоа ќе се постигне со помош на платформата „MQB“, која овозможува промена во димензиите. Така должината на кросоверот ќе биде 4450 милиметри, а растојанието помеѓу двете оски ќе достигне 2650 мм. И покрај поголемите димензии обемот на багажникот ќе биде помал – 400 литри. Сега тој е 465 литри.
Разликите со сегашната генерација ќе бидат не само во димензиите, но и во проширената листа со опции во дополнителната опрема. Дел од внатрешноста на идното „Audi Q3“ ќе биде позајмена од новиот „Volkswagen Tiguan“, но генерално сличностите меѓу двата модела ќе бидат минимални.
Во палетата мотори на кросоверот ќе влезат 4-цилиндричен бензински и дизел мотори, со развој на моќност од 150 до 367 КС. Се планира и пуштање на хибридна верзија, но тоа ќе се случи по неколку години.
Цените на новото „Audi Q3“ за Европа ќе стартуваат од 30.000 евра, покажуваат информациите.