4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКако вашиот постар iPhone да го претворите во најнов (видео)

Како вашиот постар iPhone да го претворите во најнов (видео)

iPhone-6-iOS-9-620x350

Доколку имате постар модел на „iPhone“, a не планирате наскоро да го купите најновиот „6S“, постои трик кој ќе ви овозможи да ги користите некои од новите функции и на уредите кои го поддржуваат „iOS 9“.

Нормално, станува збор за т.н. „jailbreak“ кој за „iOS 9“ се појави оваа недела, а кој ги овозможува опциите „3D Touch“ и „Live Photos“ на постарите „iPhone“ смартфони.

Се разбира, „3D Touch“ бара екран чувствителен на допир, но постои можност која идентичната опција ја овозможува и на уредите кои ја немаат оваа технологија.

Наместо кратенките за опциите „peek“ и „pop“ да се активираат со притискање на екранот, со помош на новиот „jailbreak“ тоа се прави со повлекување на прстот од доле кон горе. „Jailbreak Forcy“ го овозможува на иконите на апликациите, додека „UniversalForce“ тоа го поддржува и внатре во апликациите, а „Hapticle“ ќе додаде вибрации на се што е споменато досега.

Од друга срана, опцијата „Live Photos“ работи многу подобро, затоа што за неа не е потребен никаков дополнителен хардвер. „Live Photos“ веќе е вградена во „iOS 9“, па „Live Photos Enabler“ треба малку да се промени со цел оваа фукнција да работи и на постарите модели.

Со оглед дека станува збор за опции кои доаѓаат со „jailbreak“ не треба да се очекува тие да работат совршено, но секако ќе ги подобрат можностите на постарите „iPhone“ уреди. Исто така, со овие функции не треба да се експериментира доколку немате претходно искуство со „jailbreak“ на „iPhone“ смартфоните.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП