28 април, 2025
ПочетнаХОРОСКОПВикенд хороскоп 17-18.10.2015

Викенд хороскоп 17-18.10.2015

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Проблеми во приватниот живот кои доста негативно ќе делуваат и врз вашите работни задачи. Опасноста да влезете во кавги со околината е многу голема. Ова не е добар период за да започнете со поголеми работи, но не треба да се плашите и од поголеми неуспеси затоа што секогаш неможе да биде се во најдобар ред.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Нема да имате преголема волја за работа па затоа обидете се да ги завршите вашите важни обврски до ручек. Во текот на целиот викенд енергијата ќе ви опаѓа, а настаните ќе бидат променливи при што може да дојде до промена на вашите првични планови. Прифатете ја состојбата мирно. Следи период на стабилизација.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Потребно е да направите разговор со Рак, Овен или Шкорпија и тоа треба да го направите што поскоро, ако сакате да започнете со новата работа во која мислите дека одлично ќе се снајдете. Викендот е добар за секој облик на друштвен живот, особено со лицата кои живеат во странство, постои можност да ве изненадат и да тропнат на вашата врата.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Сите работи по природен пат ќе се наместат на своето место, а вие нема да треба да се потрудите околу тоа. Овој викенд би можеле да остварите некои многу важни контакти па задржете ги отворени сите начини на комуникација кои можете. Некој може да ви приреди изненадување, тоа максимално ќе ве задоволи.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Овој викенд најверојатно ќе се случат некои непредвидени трошоци, но голема е веројатноста да ви се зголеми и приходот. Постои можност да претворите еден ваш сон во целосна реалност. Воздржете се од предвремени заклучоци. Семејството се жали дека го запоставувате, вклучете го во поголема мера во вашиот социјален живот.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Ќе почуствувате силна мотивација и желба да реализирате некоја улога или работни цели. Многу е важно да можете да креирате нова работна ситуација која паралелно ги исполнува вашите духовни интереси и ви носи важна материјална корист. Нема потреба да се однесувате театрално во друштво на вашата сакана личност.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Месечината во текот на викендот влегува во знакот на Јарец а вие добивате идеја како да се снајдете во новата работа за која ви е потребно големо искуство. Ќе добиете поволни вести во врска со нешто што ви е многу важно. Можно е да станува збор за работа со лица на висока позиција. Не се откажувајте од вашите планови.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Влегувате во нова фаза во работењето со лицата на некоја висока позиција. Верувате дека можете да убедите некој кој ви е многу важен дека треба да ве послуша за некое важно прашање, а се однесува на новите проекти кои допрва ќе дојдат. Не се нервирајте ако некој Лав ве иритира со неговите коментари.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Напнатите односи во домот или приватната фирма се резултат на вашата неорганизираност. Тврдоглавоста ве прави непријатни за разговор а со тоа правите и погрешни потези. Тоа може лошо да се одрази на односот со домашните но и со колегите, особено ако носите голема одговорност.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Среќен викенд исполнет со интересни нешта од приватниот и деловниот свет. Венера во астролошката куќа на големите пари, носи нови и многу подобри перспективи. Младата месечина во Стрелец им одговара на оние кои веќе се искусни во својата работа. Можни се поволни вести поврзани со парите.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Родените на почетокот на знакот имат сјајна перспектива во работата со странци. Оние кои се родени во средната декада на знакот ќе добијат поддршка од некое лице кое е на висока позиција. Не сте подготвени да ризикувате во поглед на финансиите, но сепак прифатете некои сугестии од блиските лица.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Подготвени сте да ги прифатите сугестиите од другите лица кои во работата се поискусни од вас и за кои мислите дека се добронамерни. Можно е да станува збор за Водолија која често престојува во странство или станува збор за лице кое се занимава со спортот. Морате да му се јавите на блискиот роднина кој со денови го очекува вашиот повик.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП