20 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЕкологијата ќе ги зголеми цените на новите автомобили

Екологијата ќе ги зголеми цените на новите автомобили

Renault cars await export in port of Koper

Продажбата на нови автомобили ќе се зголемува во наредните 2 години, но потоа ќе почне значително да се намалува. Причина за тоа ќе бидат новите еколошки технологии во автомобилите кои ќе ја зголемат конечната цена за потрошувачите, предвидува американската агенција „IHS Automotive“, цитирана од „Bloomberg“.

Во следните две години автомобилскиот пазар на САД ќе расте и ќе достигне волумен од 18,2 милиони продажби во 2017-та година, надминувајќи го рекордното остварување од 2000-та година, кога беа продадени 17,4 милиони нови автомобили. Потоа сепак новите технологии за намалување на штетните гасови ќе ја зголемат конечната цена на возилата, што неминовно ќе се одрази на побарувачката, сметаат експертите на „IHS Automotive“, според кои бројот на продадени нови автомобили во САД кон 2022-та година ќе се сведе на околу 17,3 милиони.

„Во оваа година продажбата на нови автомобили претставуваат светла точка за индустријата на САД, бидејќи цените на горивото и каматните стапки останаа релативно ниски. Построгите еколошки стандарди за возилата во следната деценија сепак ќе значат дополнителни трошоци за автопроизводители кои најверојатно ќе ги зголемат цените за клиентите“, смета Мајкл Робинет, управен директор на „IHS Automotive“.

Според американската агенција за заштита на животната средина просечната потрошувачка на гориво кај новите автомобили ќе биде сведена од сегашните 6,6 л/100 км до 4,3 л/100 км во 2025-та година.

За да биде ова можно, автомобилските производители ќе треба да создадат повеќе електрични и хибридни возила, како и лесни материјали, а тоа ќе значи дополнителни трошоци, покажува информацијата. Освен тоа, за САД се предвидуваат повисоки каматни стапки и малку побавен економски раст, што исто така ќе влијае на продажбата на автомобили како во Америка, така во целиот свет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП