19 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПристигнува првиот SUV од Qoros - Qoros 5 (фото)

Пристигнува првиот SUV од Qoros – Qoros 5 (фото)

qoros petka

Поради малиот интерес на купувачите, кинескиот производител се повлече од Европа и се фокусираше на домашниот пазар, а развојното одделение продолжи со работа на нови модели.

На ред е првиот вистински „SUV“ – „Qoros 5“, кој ќе има премиера на 20-ти ноември.

qoros petka1

„Qoros 5“ е позициониран над моделот „3 City SUV“ од 2014-та година.

Станува збор за „SUV“ возило од средна големина со должина околу 4,6 метри.

qoros petka2

Врз основа на првите официјални фотографии може да се заклучи дека производителот останал верен на дизајнот кој е основа на првите три модели.

Оние кои го следат развојот на брендот ќе ја препознаат карактеристичната маска на ладилникот со масивна хромирана лајсна под која се наоѓа амблемот на компанијата.

qoros petka3

На задниот дел, кој е дизајнерски помалку успешен, се истакнува заштитниот додаток на долниот дел на браникот во кој се вклопени две симетрично позиционирани издувни цевки.

Фотографиите од внатрешноста засега не се достапни, како и техничките детали на овој модел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП