6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКомерцијална банка го одбележа Светскиот ден на храната

Комерцијална банка го одбележа Светскиот ден на храната

bty

Светскиот денови на храната 16-ти октомври и 17-ти октомври, Светскиот ден за намалување на сиромаштијата, вработените од Комерцијална банка АД Скопје втор пат ги одбележуваат со донирање прехрамбени производи за социјално незгрижени семејства.

Во соработка со Македонската платформа против сиромаштија (МППС), вработените од Комерцијална банка АД Скопје донираната храна ја распределуваат на семејства кои се борат со сиромаштијата.

„Со собраната храна од минатата година им помогнавме на 30 семејства низ републиката, семејства кои немаат соодветни услови и можност за квалитетен оброк во текот на еден месец. За  жал оваа година бројот на семејства кои тешко преживуваат и имаат потреба од храна се зголемува, па затоа планирано е собраната количина на храна да се подели на 40 семејства“ велат од Комерцијална банка.

„Ова е можност заедно да испратиме силна порака кон луѓето за сочувство и хуманост во борбата за искоренување на гладта и сиромаштијата што постои во голем дел од светот, но и во нашата земја“, е пораката од МППС.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП