4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИLG го подготвува својот систем за мобилно плаќање

LG го подготвува својот систем за мобилно плаќање

pay lg sistem

Јужнокорејскиот гигант „LG“ е во завршна фаза на развој на својот систем за мобилно плаќање, соопштува интернет изданието „ZDNet“. Компанијата поднела и барање во САД за регистрацијата на неколку трговски имиња.

Меѓу нив се „LG Pay“, „G Pay“, „L-Pay“ и други. Можно е компанијата да ја претстави услугата уште следниот месец и да се приклучи на „Android Pay“, „Samsung Pay“ и „Apple Pay“ во битката за место на пазарот. Според информациите на весникот, „LG“ го проучувал сегментот во детали и си поставил прилично амбициозни цели.

Сепак засега не е јасно какви можности ќе нуди „LG Pay“. Малку е веројатно услугата да располага со можностите на „Samsung Pay“ и да ги поддржува постари терминали за магнетни картички. Не се очекува услугата да биде претставена заедно со нов уред. Засега компанијата не коментираше на оваа тема.

Инвестициска компанија „Eugene Investment & Securities“ предвиде дека е малку веројатно „LG“ да изненади со нешто револуционерно. Сепак „LG“ ќе се обиде да посвети максимално многу внимание на услугата и да ја разликува од конкурентите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП