4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНајгледаните видеа на Youtube

Најгледаните видеа на Youtube

gangam 333

До пред четири месеци (јуни 2015-та година) само две видеа кои се поставени на „Youtube“, се видени повеќе од 1 милијарда пати. За малку повеќе од 100 дена границата сепак беше надмината од нови 8.

Последната песна која ја поминува границата, е посветена на ѕвездата од „Брзи и бесни“ Пол Вокер – „See You Again“ изведена од Виз Калифа.

Вкупниот број на видеа, кои се видени повеќе од 1 милијарда пати, денес е 10.

Еве и кои се на првите 5 позиции:

1. Саи – „Gangnam Style“.

Популарната песна беше првата која ја помина границата од 1 милијарда прегледи, остварувајќи го тоа за само за 160 дена. Денес спотот веќе ја мина и границата од 2 милијарди, а точната бројка изнесува 2,44 милијарди прегледи.

2. Џастин Бибер и Лудакрис – „Baby“.

Песната го држеше челното место цели две години, пред „Gangnam Style“ да ја стигне. Хитот во САД од 2010-та година ја помина границата од 1 милијарда во 2014-та година.

3. Кејти Пери и Џуси Џеј – „Dark Horse“.

Пери е првата жена во светот, која влегува во клубот. Денес таа има две песни во топ 5. Неверојатно, нели?

4. Кејти Пери – „Roar“.

Вториот хит на Пери исто има близу 1,1 милијарди прегледи.

5. Енрике Иглесијас – „Bailando“.

Видеото е гледано од 1.08 милијарди луѓе, а 1/3 од нив доаѓаат од Мексико, Колумбија и Аргентина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП