2 јули, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes го претстави третиот „baby“ AMG модел: GLE 450 (фото)

Mercedes го претстави третиот „baby“ AMG модел: GLE 450 (фото)

baby model

Со цел да ја пополни празнината меѓу регуларните верзии на своите модели и класичните „AMG“, „Mercedes“ на почетокот на годината го воведе семејството „AMG Sport“. Нејзиниот најнов член е „GLE 450 AMG 4Matic“.

Станува збор за третиот ваков модел, по „Mercedes C450 AMG“ и „Mercedes GLE 450 AMG Coupe“, кои во јануари дебитираа на саемот за автомобили во Детроит.

baby model1

Новиот спортски „GLE“ е опремен со 20 инчни алуминиумски бандажи, а од стандардната верзија се разликува и по другите козметички интервенции, пред се поради промената на дизајнот на предниот браник и хромираните завршетоци на издувниот систем.

baby model2

Во внатрешноста внимание привлекува спортскиот волан, спортските седишта кои се со „Nappa“ кожа, украсните алуминиумски додатоци…

baby model3

Како и останатите модели од „AMG Sport“ серијата, „GLE 450“ има 3.0-литарски „V6 bi-turbo“ бензинец кој произведува 367 ks (270 kW) и 520 Nm максимален вртежен момент, достапен меѓу 2.000 и 4.200 o/min.

baby model4

Моќта се пренесува на сите 4 тркала со помош на „9G-Tronic“ автоматскиот менувач со девет брзини. Автомобилот до „стотка“ забрзува за 5,7 секунди, пред стрелката на брзинометарот не застане на максималните, електронски лимитирани 250 km/h.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП