3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПолоши резултати од Goldman Sachs

Полоши резултати од Goldman Sachs

goldman saks 3

Американската инвестициска банка „Goldman Sachs“ објави резултатите со кои ги разочараа инвеститорите. Од компанијата велат дека се заработени 2,64 долари по акција при приходи во износ од 6.86 милијарди долари за кварталот.

И двата резултати се покажаа под просечните очекувања на пазарот за профит од 3 долари по акција и приходи во износ од 7.12 милијарди долари.

„Видовме пониска активност во услови на опаѓање на цените на активата во третиот квартал, што повторно ги засилува нашите стравувања за растот на светската економија. Продолжуваме да бидеме сведоци на силна активност во единицата за инвестициско банкарство и сме охрабрени од најдобрата позиција на нашата глобална франшиза“, коментира извршниот директор на компанијата Лојд Бленкфејн, цитиран од „Business Insider“.

Приходите од инвестициското банкарство достигнаа 1,56 милијарди долари и одговорија на очекувањата, иако се намалиле за 7% на годишна основа. По резултатите акциите на банката загубија околу 2% од својата вредност.

Приходите од тргување со инструменти со фиксен приход, суровини и валути се намалиле за 33% на годишна основа во третиот квартал до 1.46 милијарди долари. Приходите од тргување со акции се зголемија за 9%, до 1,75 милијарди долари. За споредба во третиот квартал на минатата година од банката ги надминаа сериозно просечните очекувања за заработка по акција од 4.57 долари при 3.21 долари кои беа очекувани од аналитичарите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП