4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSamsung пушта втор смартфон со оперативниот систем Tizen

Samsung пушта втор смартфон со оперативниот систем Tizen

samsung-z3-main

Технолошката компанија „Samsung Electronics“ најави дека ќе пушти на пазарот вториот паметен телефон, кој работи со нејзиниот оперативен систем „Tizen“, а кој ќе се вика „Z3“. Ова е најновиот обид на гигантот да го популаризира својот софтверски екосистем, пренесува „Ројтерс“.

„Samsung“ објави дека продажбата на „Z3“ ќе стартува во Индија на 21-ви октомври по цена од 8.490 рупии (130,59 долари). Сумата е повисока од онаа на претходникот „Z1“, кој чинеше 5700 рупии, но новиот телефон нуди подобар хардвер, вклучувајќи побрз процесор, подобар квалитет на екранот и подобрени камери.

Најголемиот производител на паметни телефони во светот се обидува да ја намали својата зависност од „Google“, со чиј оперативен систем „Android“ работат нејзините клучни телефони од линијата „Galaxy“.

Во оваа година „Samsung“ има издадено и други производи, кои работат со „Tizen“, вклучувајќи и паметниот часовник „Gear S2“ и „high-end“ телевизори.

Извор кој е запознаен со ова прашање, во јуни откри за „Ројтерс“ дека „Samsung“ оваа година планира да лансира на пазарот повеќе смартфони со „Tizen“. Технолошкиот гигант треба да привлече повеќе корисници на паметни телефони кои ќе го користат оперативниот систем за да се добие поголема поддршка од програмерите од трети земји, велат аналитичарите.

Пониската цена на „Z3“ би можела да привлече купувачи на пазарите како Индија, каде ширењето на смартфоните се уште е релативно ниско. Компанијата за истражување „Counterpoint“ тврди дека претходникот „Z1“ е најдобро продаваниот смартфон на „Samsung“ во Индија во вториот квартал, делумно благодарение на ниската цена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП